Наставници за Земјоделство 4.0

Наставници за Земјоделство 4.0

Курсот кон кој се движи земјоделството се менува фундаментално во текот на последните 15 години, и се повеќе станува од сеопфатно знаење во рамките на 21-от век и глобалната економија. Новите иницијативи, како што се IKT4Ag (најшироко прифатенат акроним за употреба на ИКТ во земјоделскиот сектор) и Фарминг 4.0, го истакнуваат фактот дека најсовремената технологија, мобилните телефони и паметните уреди, сензорите и мрежите за знаење сега се повеќе и пошироко се искористуваат  во подобрување на продуктивноста на земјоделските претпријатија. Денес, опремата за информатичка и комуникациска технологија (ИКТ), поврзаните технологии и достапните услуги станаа неопходна алатка во земјоделството. Како резултат на тоа, овие променливи потреби на пазарот на трудот бараат соодветна квалификувана работна сила - побарувачка што земјоделското образование мора да реагира брзо.

Курсот е насочен кон насочување земјоделски наставници по стручно образование и обука во обновувањето на нивните наставни методи преку обезбедување на бесплатен онлајн курс "Наставници за земјоделство 4.0" врз основа на мрежен педагошки модел за учење.

Модул 1: Oсмислување на земјоделското образование

Теми

  1. Осмислување на образованието за 21-от век (алатки и методи за подобрено учење на технологијата)
  2. Отворено образование (доживотно учење во споделување знаења, глобално поврзан свет), со користење на отворени образовни ресурси (OER) на ЕУ.
  3. Создавање дигитални содржини
  4. Педагогија на 21виот век 
  5. Алатки и методи за јазично учење базирани на ИКТ, мобилни апликации.

Целта е да се поддржат наставниците за развивање на јазичните вештини на учениците за разбирање на земјоделската терминологија.

Mодул 2: Европски стратегии и иницијативи за е-Земјоделство

Теми:

  1. Што е е-Земјоделство?
  2. ЕУ политики за развој на иновации и ИКТ 
  3. Информациски системи во Заедничката Земјоделска Политика (CAP) 
  4. Стратешко управување со е-Земјоделството 
  5. АКИС систем - Agricultural Knowledge and Innovation System

Модул 3: Дигитални системи во Земјоделство 4.0

Теми:

  1. Што е 4.0?
  2. Извори на податоци ( Земање проби - автоматизирано и рачно, Сензори, UAV, Отворени извори)
  3. Опрема и системи за дигитално управување на фарма ( Интелигентни машини и механизација за прецизно земјоделство)
  4. Интегрирање на податоци
  5. Системи за следење

Agriteach 4.0 Learnin Portal: http://moodle.agriteach.hu/

Македонски

Опис на проектот

ИМЕ НА ПРОЕКТ
Поврзување на наставниците за стручно образование и обука во земјоделството 4.0
 
ЦЕЛ НА ПРОЕКТОТ
Водење на „Наставниците за стручно образование и обука во земјоделството“ во процесот на обнова на нивните наставни методи со овозможување на бесплатен  онлајн курс  „Наставници за земјоделство 4.0“  кој е базиран на мрежен педагошки метод на учење. Овој проект ќе ја интегрира мрежната методологија на учење на успешниот проект Леонардо (Tenegen: http://www.tenegen.eu/) со педагошки иновации на методите кои се насочени кон учениците како што се моделите на “Creative Classroom(CC)” и “Flipped Classroom (FC)”.  Околината за учење и наставниот методи кои ќе се применуваат во овој проект се со во согласност со педагошките иновации од рамката ЕТ 2020,  која се фокусира на развој на вештините и креативноста во 21 век, како и дигитално претприемништво на студентите.
 
ДАТА НА ПОЧНУВАЊЕ СО ПРОЕКТОТ
01-09-2017
 
ВКУПНО ТРАЕЊЕ НА ПРОЕКТОТ
24 месеци
 
КООРДИНАТОР ОРГАНИЗАЦИЈА
“Galamb József Mezögazdasági Szakképző Iskola” ,Унгарија