Results

Во оваа фаза на проектот, ќе биде имплементиран системот за "е-учење", базиран на отворениот софтвер Moodle (модуларна објектно-ориентирана динамична средина за учење). Планираната тематски-ориентирана структура на курсот ќе биде изградена со прецизно испланирана временска рамка. Курсот ќе биде добро структуриран и нема да претставува само онлајн извор на едукативни содржини каде што учесниците се оставени сами на себе во совладувањето на материјата.

Како основа за креирање на силабусот и содржината на обуката Агритич 4.0, беа земени резултатите од анализата на потребите. Креирањето на содржината на обуката ќе биде преку блиска соработка помеѓу партнерите во проектот. Исходот ќе биде фундаментален за квалитетот на резултатите од проекот. 

Во фазата на подготвување на предлог-проектот беше подготвен и прелиминарен план за модулите и нивната содржина и големина, но сепак, овој план може да подложи на промени според добиените резултати од анализата на потребите. 

Интелектуалниот аутпут 2 нуди детални информации во однос на понудата на пазарот на трудот, односно каква е сликата во стручното образование и каква би требало да биде, со цел да се задоволат потребите за квалитетно образование и вештини од Земјоделство 4.0. Резултатите од анкетата содржат корисни информации за самиот образовен систем, а заклучоците од неа се многу важен инпут за наредните фази, особено при креирањето на обуките. 

Целта беше да добиеме одговори на следниве прашања:

Целта на интелектуалниот аутпут број 1 беше да се изгради генералната слика за користењето на ИКТ во земјоделските компании во Македонија и Унгарија, моменталната состојба околу Земјоделство 4.0 во ондос на ЕУ трендовите и понудата и побарувачката на работната сила во земјоделските компании со особен фокус на дигиталните способности на вработените. 

Беше направена една широка анализа на моменталната состојба во однос на користењето на ИКТ во земјоделството во двете држави, Македонија и Унгарија, како и на ниво на ЕУ. Оваа анлиза послужи како основа за понатамошните активности на проектот. 

Опис на проектот

ИМЕ НА ПРОЕКТ
Поврзување на наставниците за стручно образование и обука во земјоделството 4.0
 
ЦЕЛ НА ПРОЕКТОТ
Водење на „Наставниците за стручно образование и обука во земјоделството“ во процесот на обнова на нивните наставни методи со овозможување на бесплатен  онлајн курс  „Наставници за земјоделство 4.0“  кој е базиран на мрежен педагошки метод на учење. Овој проект ќе ја интегрира мрежната методологија на учење на успешниот проект Леонардо (Tenegen: http://www.tenegen.eu/) со педагошки иновации на методите кои се насочени кон учениците како што се моделите на “Creative Classroom(CC)” и “Flipped Classroom (FC)”.  Околината за учење и наставниот методи кои ќе се применуваат во овој проект се со во согласност со педагошките иновации од рамката ЕТ 2020,  која се фокусира на развој на вештините и креативноста во 21 век, како и дигитално претприемништво на студентите.
 
ДАТА НА ПОЧНУВАЊЕ СО ПРОЕКТОТ
01-09-2017
 
ВКУПНО ТРАЕЊЕ НА ПРОЕКТОТ
24 месеци
 
КООРДИНАТОР ОРГАНИЗАЦИЈА
“Galamb József Mezögazdasági Szakképző Iskola” ,Унгарија