Целта на интелектуалниот труд број 1 беше да се изгради генералната слика за користењето на ИКТ во земјоделските компании во Македонија и Унгарија, моменталната состојба околу Земјоделство 4.0 во однос на ЕУ трендовите и понудата и побарувачката на работната сила во земјоделските компании со особен фокус на дигиталните способности на вработените.
Беше направена една широка анализа на моменталната состојба во однос на користењето на ИКТ во земјоделството во двете држави, Македонија и Унгарија, како и на ниво на ЕУ. Оваа анлиза послужи како основа за понатамошните активности на проектот. Дополнително, анкетирани беа засегнатите страни - локални фармери и претставници од земјоделски компании, со цел да се добијат директини и јасни информации од чините.
Освен основните информации ( вид на компанија, големина, број на вработени итн.) главната цел беше да се извлечат точни податоци во однос на користењето на ИКТ алатки во земјоделството и методите за прецизно земјоделство. Во анкетата учествуваа 64 претставници од земјоделските компании во Унгарија, а во Македонија бројот на анкетирани компании беше 11.
При анкетата беа опфатени сите сектори на земјоделско производство во државата (винарии, фарми, итн.), а опфатени беа и различни компании во однос на бројот на вработени, обработлива површина, и сл.
Резултатите и во Македонија и во Унгарија покажаа дека генерално нивото на свест околу ИКТ во земјоделството задоволувачко, со тоа што, во Унгарија поголем процент од земјоделските компании активно користат ИКТ во работата. Сепак, во двете држави, мнозинството од анкетираните одговорија дека не го искористуваат во целост потенцијалот на ИКТ.
Во оваа област се најголемите разлики помеѓу двете држави. Додека во Унгарија добар број на анкетираните одговориле дека користат барем некои методи на прецизно земјоделство, а оние кои не користат барем се запознаени со нивното постоење, во Македонија резултатите беа значително полоши. Иако бројот на компании кои се запознаени со прецизното земјоделство беше пристоен, сепак, бројот на компании кои активно го користат беше многу мал.