O5 Агритич 4.0 програма за обука на наставници од стручно образование и обука

O5 Агритич 4.0 програма за обука на наставници од стручно образование и обука

Македонски

Обуката за наставниците првично ќе биде во форма на комбинирано учење за да се запознаат со концептот и правилно да се насочат учесниците. Ова ќе биде проследено со фаза на онлајн учење, водена од предавачи во двете целни земји, Унгарија и Македонија. Пилот-обуката првично ќе стартува во Унгарија, а еден месец подоцна ќе следи и во Македонија. На овој начин ќе се осигура брзо решавање на евентуални проблеми. Вклучувањето на наставниците ќе започне со анкета. Со ова ќе се поканат наставниците и советниците вклучени во анкетата да учествуваат во обуката.

За обуката ќе се користи методологија на мрежно учење. Во пракса, тоа значи дека предавачите ќе помогнат во онлајн комуникацијата и ќе овозможат соработка и размена на знаење помеѓу учесниците. Оваа методологија е различна од MOOCs, каде учесниците сами учат. Учесниците на оваа обука ќе работат во групи, со разменување на содржините од учењето за цело време на пилот обуката.   

Пилотирањето ќе започне во двете целни земји со информативен ден со цел подобро да ги совладаат основните вештини за работа, навигација и учење на платформата, но и да се запознаат едни со други. На овој начин се овозможува поефективно заедничко учење. 

Во текот на обуката учесниците ќе имаат можност да се запознаат со современите и иновативни педагошки методи кои ги вклучуваат моделот на проектно учење и моделот на “превртена училница“. Дизајнот на обуката ќе обезбеди интеграција на специфични задачи со предизвикувачки прашања во лекциите, со цел инспирирање и мотивирање на учесниците активно да се вклучат во форумите за дискусии.

По оваа почетна фаза, ќе следува период на онлајн учење, за време на кое учесниците ќе бидат водени од предавачите. Во завршната фаза ќе има уште еден информативен ден на кој учесниците ќе имаат можност да дискутираат за проблемите, да им поставуваат прашања на предавачите и да споделат идни планови.   

 

Опис на проектот

ИМЕ НА ПРОЕКТ
Поврзување на наставниците за стручно образование и обука во земјоделството 4.0
 
ЦЕЛ НА ПРОЕКТОТ
Водење на „Наставниците за стручно образование и обука во земјоделството“ во процесот на обнова на нивните наставни методи со овозможување на бесплатен  онлајн курс  „Наставници за земјоделство 4.0“  кој е базиран на мрежен педагошки метод на учење. Овој проект ќе ја интегрира мрежната методологија на учење на успешниот проект Леонардо (Tenegen: http://www.tenegen.eu/) со педагошки иновации на методите кои се насочени кон учениците како што се моделите на “Creative Classroom(CC)” и “Flipped Classroom (FC)”.  Околината за учење и наставниот методи кои ќе се применуваат во овој проект се со во согласност со педагошките иновации од рамката ЕТ 2020,  која се фокусира на развој на вештините и креативноста во 21 век, како и дигитално претприемништво на студентите.
 
ДАТА НА ПОЧНУВАЊЕ СО ПРОЕКТОТ
01-09-2017
 
ВКУПНО ТРАЕЊЕ НА ПРОЕКТОТ
24 месеци
 
КООРДИНАТОР ОРГАНИЗАЦИЈА
“Galamb József Mezögazdasági Szakképző Iskola” ,Унгарија