Во оваа фаза на проектот, ќе биде имплементиран системот за "е-учење", базиран на отворениот софтвер Moodle (модуларна објектно-ориентирана динамична средина за учење). Планираната тематски-ориентирана структура на курсот ќе биде изградена со прецизно испланирана временска рамка. Курсот ќе биде добро структуриран и нема да претставува само онлајн извор на едукативни содржини каде што учесниците се оставени сами на себе во совладувањето на материјата. Нашите образовни партнери ќе внимателно ќе работат на развивање на упатство, кое би вклучило и поддршка од тутор/ментор со што би се олеснил едукативниот процес.
Сите технолошки и едукативни компоненти на курсот, ќе се водат од специфични педагошки цели, како мотивација, вклученост во соработка, споделување на знаењето, онлајн комуникација и активно учество.
Материјалите за обука за е-учење се произведуваат во рамките на Moodle (Модуларна објектно-ориентирана динамичка средина за учење). Mатеријалитe за учење се достапни на 3 јазици (HU, MK, EN) на овој интерфејс..
Завршувањето на индивидуалните модули напредува во темпото на пилот-обуката, а процесот на учење е олеснет од страна на наставниците. Курсот ги содржи следните елементи:
Agriteach 4.0 Learnin Portal: http://moodle.agriteach.hu/
Пилот фазата би започнала во Унгарија од 25ти февруари до 26 Април 2019. Во Македонија, пилот фазата би започнала од 4ти март па се до 5ти април.
Потребно е да се регистрирате за да учествувате на обуката.
Сите материјални за обуката ќе ги добиете беспатно по успешната регистрација.