O6 План за валоризација и одржливост

O6 План за валоризација и одржливост

Македонски

Целта на овој интелектуален труд е да се обезбеди одржливост на проектот во секоја земја-партнер, а не само во двете целни земји Унгарија и Македонија. Во првата активност, проектот ќе изработи дигитален учебник за сите наставници во земјоделството базиран на содржината развиена во текот на проектот и ќе биде изработен на англиски, унгарски и македонски јазик.

Откако ќе се тестира и разгледа содржината, ќе биде објавена во форма на дигитален учебник под (Creative Common License) кој ќе биде достапен бесплатно за наставниците и учениците. Изведените јазични верзии на овој учебник ќе бидат во согласност со посебните карактеристики на целните земји.

Во рамките на интелетуалниот труд 6, партнерите во проектот ќе изготват договор за авторски права каде секој партнер ќе ги сумира искуствата и придобивки стекнати во текот на работата на проектот. Секој партнер ќе ги елаборира своите специфични планови за одржливост на проектот пред предвидениот датум на завршување на проектот.

Опис на проектот

ИМЕ НА ПРОЕКТ
Поврзување на наставниците за стручно образование и обука во земјоделството 4.0
 
ЦЕЛ НА ПРОЕКТОТ
Водење на „Наставниците за стручно образование и обука во земјоделството“ во процесот на обнова на нивните наставни методи со овозможување на бесплатен  онлајн курс  „Наставници за земјоделство 4.0“  кој е базиран на мрежен педагошки метод на учење. Овој проект ќе ја интегрира мрежната методологија на учење на успешниот проект Леонардо (Tenegen: http://www.tenegen.eu/) со педагошки иновации на методите кои се насочени кон учениците како што се моделите на “Creative Classroom(CC)” и “Flipped Classroom (FC)”.  Околината за учење и наставниот методи кои ќе се применуваат во овој проект се со во согласност со педагошките иновации од рамката ЕТ 2020,  која се фокусира на развој на вештините и креативноста во 21 век, како и дигитално претприемништво на студентите.
 
ДАТА НА ПОЧНУВАЊЕ СО ПРОЕКТОТ
01-09-2017
 
ВКУПНО ТРАЕЊЕ НА ПРОЕКТОТ
24 месеци
 
КООРДИНАТОР ОРГАНИЗАЦИЈА
“Galamb József Mezögazdasági Szakképző Iskola” ,Унгарија