Интелектуалниот труд 2 нуди детални информации во однос на понудата на пазарот на трудот, односно каква е сликата во стручното образование и каква би требало да биде, со цел да се задоволат потребите за квалитетно образование и вештини од Земјоделство 4.0. Резултатите од анкетата содржат корисни информации за самиот образовен систем, а заклучоците од неа се многу важен инпут за наредните фази, особено при креирањето на обуките.
Целта беше да добиеме одговори на следниве прашања:
Почетната хипотеза на проектот, која беше изградена со претходни консултации со партнерите од индустрискиот и образовниот сектор, беше дека има значителна потреба од обезбедување на ИКТ обуки во ова поле, но хипотезата треба да се потврди преку анкети во целните земји на проектот, Македонија и Унгарија.