O3 Силабус и содржина на обуката Агритич 4.0

O3 Силабус и содржина на обуката Агритич 4.0

Македонски

Како основа за креирање на силабусот и содржината на обуката Агритич 4.0, беа земени резултатите од анализата на потребите. Креирањето на содржината на обуката ќе биде преку блиска соработка помеѓу партнерите во проектот. Исходот ќе биде фундаментален за квалитетот на резултатите од проекот. 

Во фазата на подготвување на предлог-проектот беше подготвен и прелиминарен план за модулите и нивната содржина и големина, но сепак, овој план може да подложи на промени според добиените резултати од анализата на потребите. 

Единствениот проблем во однос на отворените едукативни програми е јазикот, бидејќи сите најквалитетни ресурси (видеа, упатства) се објавени на интернет на англиски јазик. Сепак, во полето на ИКТ, за да се биде во тек со еволуцијата, задолжително е барем некое основно познавање на англискиот јазик во смисла на познавање на професионалните содржини, дури и во земјоделскиот сектор. Поради тоа, намерата ни е во содржината на обуката да вклучиме и еден дел за ИКТ алатки за брзо изучување на англискиот јазик. 

Ново креираната содржина ќе биде пишувана во основна верзија на англиски јазик, а потоа ќе биде и преведена на јазиците на земјите кои се цели на проектот. 

Планираните модули се следниве:

  • Модул 1: Возобновување на земјоделското образование 
  • Модул 2: Европски стратегии и иницијативи за "е-Земјоделство" 
  • Модул 3: Дигитални системи во "е-Земјоделство"

Опис на проектот

ИМЕ НА ПРОЕКТ
Поврзување на наставниците за стручно образование и обука во земјоделството 4.0
 
ЦЕЛ НА ПРОЕКТОТ
Водење на „Наставниците за стручно образование и обука во земјоделството“ во процесот на обнова на нивните наставни методи со овозможување на бесплатен  онлајн курс  „Наставници за земјоделство 4.0“  кој е базиран на мрежен педагошки метод на учење. Овој проект ќе ја интегрира мрежната методологија на учење на успешниот проект Леонардо (Tenegen: http://www.tenegen.eu/) со педагошки иновации на методите кои се насочени кон учениците како што се моделите на “Creative Classroom(CC)” и “Flipped Classroom (FC)”.  Околината за учење и наставниот методи кои ќе се применуваат во овој проект се со во согласност со педагошките иновации од рамката ЕТ 2020,  која се фокусира на развој на вештините и креативноста во 21 век, како и дигитално претприемништво на студентите.
 
ДАТА НА ПОЧНУВАЊЕ СО ПРОЕКТОТ
01-09-2017
 
ВКУПНО ТРАЕЊЕ НА ПРОЕКТОТ
24 месеци
 
КООРДИНАТОР ОРГАНИЗАЦИЈА
“Galamb József Mezögazdasági Szakképző Iskola” ,Унгарија